Во уште една голема битка, Никола Јокиќ излезе како победник. Шампионот Денвер Нагетс со 108:105 го победи повеќекратниот првак Голден Стејт и сега има фантастичен учинок од 8 победи и 1 пораз.
Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 35 поени, 13 скока и 5 асистенции за 37 минути. Единствен параметар кој синоќа не му одеше од рака беше шутот за три зошто погоди само една од осум обиди.
Денвер играше без стандардниот Џамал Мареј кој поради повреда на задната ложа ќе отсуствува речиси еден месец од паркетите.
Јокиќ синоќа имаше многу исцрпувачки дуели со тешкашот Кевон Луни, па во самиот финиш промаши две важни слободни фрлања на 15 секунди пред крајот при резултат 107:105.
Голден Стејт имаше шанса да израмни или победи но Стеф Кари промаши, а Реџи Џексон на другата страна погоди едно од две слободни и ги постави конечните 108:105.
Покрај Јокиќ, добра вечер имаа и Реџи Џексон кој постигна 20 поени со 6 асистенции, Портер Џуниор додаде 17 поени, Гордон 14 а Калдвел-Поуп 10 поени.
Кај гостите најефикасен беше капитенот Стеф Кари со 23 поени (6/13 за три). Клеј Томпсон запиша 15 поени важно е да се напомене дека Голден Стејт Вориорс играше без двајца првотимци Дрејмонд Грин и Гери Пејтон II.
Денвер ќе одмора до крајот од неделава а тогаш ќе гостува кај Хјустон Рокетс. Вориорс ги чека дуел со Кливленд Кавалирс, само трет домашен сезонава.