![nikola jokic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/nikola-jokic.jpg?resize=696%2C518&ssl=1)
Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“.
Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%.
Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс.
Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани шут.
Во изминатите четири сезони, Јокиќ три пати беше прогласен за најкорисен играч во најсилната кошаркарска лига на светот.