Јокиќ руши се пред себе, сега настрада Њу Орленас (ВИДЕО)

Денвер го победи Њу Орлеанс со 113-108, а фантистичен натпревар одново одигра Никола Јокиќ.

Српскиот центар за 41. минута постигна 37 поени, четири поени од нив ги постигна во последната минута и пол, во која Нагетси направија пресврт, губеа со 14 поени разлика. Денвер останува на петото место на табелата во Западната конференција со скор од 27/18.

Јокиќ имаше 17/30 реализација, постигна три тројки од пет обиди, зад своето име запиша и шест скока, девет асистенции, една блокада и две укардени топки.

Во последните три минути Јокиќ постигна седум поени, а до ваков учинок од над 30 поени дојде 16. пат оваа сезона.

Најефикасен кај Њу Ореланс беше Вилијамсон со 39 поени 9 скока и пет асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=iyIgvzTvy7E&feature=emb_title

Резултати: Детроит – Бруклин 111-113, Милвоки – Бостон 114-122, Торонто – Феникс 100-104, Шарлот – Мајами 110-105, Минесота – Хјустон 107-101, Њу Орлеанс – Денвер 108-113, Орландо – Портланд 105-112, Далас – Индијана 94-109, Јута – Мемфис 117-114, Голден стјет – Атланта 108-124, ЛА Лејкерс – Кливленд 100-86.