Јокиќ со нов дабл-дабл, блескав камбек на Клеј Томпсон по 940 дена пауза (ВИДЕО)

Екипата на Денвер дојдоа до втора победа по ред и тоа на домашен терен против Оклахома сити тандерс (99-95), што беше своевидна одмазда за поразот во претходната меѓусебна пресметка во декември.

Најзаслужен за тоа беше српскиот интернационалец Никола Јокиќ, кој средбата ја заврши со 22 поени и 18 скока, а имаше огромна помош од Остин Риверс со 22 поени и Џеф Грин со 16 поени.

Синоќешната вечер во НБА, сепак, беше целосно посветена на враќањето на фантастичниот Клеј Томпсон во дресот на Голден стејт вориорс по пауза од 941 ден поради две тешки повреди. Тој даде голем придонес во триумфот над Кливленд кавалирс (96-82) и тоа со 17 поени и три скока.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон Визардс – Орландо 102-100, Торонто – Њу Орлеанс 105-101, Минесота – Хјустон рокитс 141-123, Денвер нагетс – Оклахома 99-95, Далас маверикс – Чикаго булс 113-99, Г. Стејт – Кливленд 96-82.