Јокиќ „тверкаше“ и ги изнасмеа судиите (ВИДЕО)

Никола Јокиќ ги изнасмеа судиите пред почетокот на натпреварот помеѓу Лос Анџелес клиперс и Денвер во рамки на НБА-лигата.

Додека судијата се подготвуваше да ја потфрли топката, српскиот центар почна да „тверка“ (популарно играње со задникот). Стартот беше за момент одложен, бидејќи судијата не можеше, а да не се насмее на потегот на Јокиќ.