Тимот на Оклахома Сити намали на 2:1 во финалната серија на Западната конференција во НБА лига, откако на домашен терен го совладаа тимот на Сан Антонио Спарс со 106:97.
Најефикасен во победничкиот тим беше Расел Вестбрук со 26 поени, додека Кевин Дурант заврши со „дабл-дабл“ од 25 поени и 10 скока. По 15 поени постигнаа Серж Ибака и Џексон.
Во поразениот тим Ману Џинобили имаше 23 поени, додека Тим Данкан постигна 16 поени и осум скока.