„Оклахома“ сака Ентони да си оди оти и е прескап, Хјустон го чека?

„Оклахома Сити“ најверојатно нема да ја продолжи соработката со една од ѕвездите на тимот, Кармело Ентони, објави ЕСПН. „Тандерс“ сакаат да се ослободат од договорот на популарниот Мело и на тој начин да заштедат 100 милиони долари во „селари капот“.

Имено, ако Антони остане, клубот ќе треба да одвои рекордни 310 милиони долари за плати, од кои 150 милиони ќе бидат само за даноци. Ако успеат да се ослободат од Ентони овие трошоци ќе бидат намалени на 203 милиони, бидејќи ќе заштедат и 60 милиони евра на даноци.

Според написите на некои американски новинари, во случај на прекин на договорот со „Тандерс“, Антони би можел да ја продолжи кариерата во „Хјустон Рокетс“. Тимот од Тексас е заинтересиран да го засили тимот со уште една мега ѕвезда, па ако Мело стане слободен агент тој може да биде таа ѕвезда.

Ентони има можност да остане и следната сезона во тимот за плата од 27,9 милиони евра, и ако тој донесе одлука да остане „Оклахома“ нема начин да се реши од овој договор.