Оклопните возила и припадници на боливиската армија почнаа да се повлекуваат од областа околу претседателскиот дворец во боливискиот главен град Ла Паз во средата попладне по локално врме или ноќта кон чевртокот по средноевропско, објави Reuters повикувајќи се очевидец, а повлекувањето го потврди и агенцијата France Presse со повикување на своите репортери од самото место на случувањата.
Тоа доаѓа откако претседателот Луис Арсе назначи нови воени команданти поради она што регионалните лидери го осудија како обид за државен удар и преземање на боливиското претседателство. Новата воена команда им нареди на силите предводени од генералот Хуан Хозе Зунига да се вратат во своите места на постојано распоредување, додека највисокиот суд во земјата го осуди обидот за државен удар како напад врз демократската стабилност во јужноамериканската земја.
Според очевидецот на Reuters, се чини дека боливиската полиција ја презема контролата врз централниот градски плоштад, каде што е лоциран претседателскиот дворец, по повлекувањето на војската.
Најавено е дека јавното обвинителство ќе покрене истрага против генералот Зунига, по чија наредба армијата го започна обидот за пуч.
Претходно, боливиската армија го окупираше плоштадот пред владинината зграда со оклопни возила и се обиде да ги сруши портите во обидот за државен удар, покажаа сликите прикажани во живо на боливиската телевизија во средата.
„Ја осудуваме нерегуларната мобилизација на некои единици на боливиската армија“, напиша боливискиот претседател Луис Акре на мрежата Х додека се одвиваа настаните, нагласувајќи дека „демократијата мора да се почитува“. Во видео пораката испратена од палатата, тој го повика боливискиот народ да се мобилизира против „државен удар“, објави Франс прес. Тој, исто така, го повика генералот Хуан Хозе Зунига да ги повлече своите војници.
Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес, кој политички инаку се разијде со Арсе, исто така, ги осуди акциите на армијата на плоштадот Муриљо во главниот град, нарекувајќи ги „планиран пуч“ во објава на мрежата Х.
Потпретседателот Давид Чокехуанка, исто така, го осуди армискиот марш до главниот плоштад во Ла Паз, велејќи дека „пред меѓународната заедница го осудуваме пучот против нашата демократски избрана влада во Боливија“.
„Доста е осиромашување на нашата татковина, доста е понижување на армијата. Дојдовме да го изразиме нашето незадоволство“, пореча врховниот командант на армијата Хуан Хозе Зунига. Во разговор со претставници на медиумите тој зборуваше за навводни „напади врз демократијата“, тврдејќи дека таа „мора да се врати“ и најави промена на власта. „Елитата ја презеде земјата, вандалите кои ја уништија“, рече Зунига.
Шпанскиот премиер Перо Санчез реагираше на вжештената ситуација, која боливискиот претседател ја нарече државен удар, повикувајќи „да се почитуваат демократијата и владеењето на правото“ во Боливија. Тој, исто така, остро го осуди покренувањето на боливиската армија во обидот за преземање на власта.
Портпаролот на Белата куќа најави дека САД „внимателно“ ја следат ситуацијата во Боливија, каде во средата вооружени војници и оклопни возила зазедоа позиции пред претседателството во Ла Паз и повикуваат на смирување на ситуацијата. .
Реагираа и регионалните лидери, па претседателот на Чиле, Габриел Борик изрази загриженост, но и поддршка за демократијата и легитимната влада на претседателот Луис Арсе, нагласувајќи дека не може да се толерира какво и да е кршење на легитимниот уставен поредок.
И претседателите на Парагвај и Хондурас, Сантијаго Пења и Ксиомара Кастро, ја осудија нередовната мобилизација на боливиската армија и нападот врз демократијата, повикувајќи на почитување на цивилното владеење и уставот. Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез изрази загриженост за распоредувањето на некои армиски единици, посочувајќи дека Куба ги отфрла таквите акти и изразува солидарност со боливискиот претседател.