![133578588 глад](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/133578588-7.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Во Јемен, каде околу две години се води граѓанска војна, 462 илјади деца страдаат од сериозна неухранетост. Бројот на неухранети деца во Нигерија, каде дејствува исламистичката групација „Боко харам“, е околу 450 илјади.
Во Сомалија поради сушата 185 илјади деца се соочуваат со закана од глад, а за неколку месеци нивната бројка ќе достигне 270 илјади, предупредува УНИЦЕФ.
Во Јужен Судан над 270 илјади деца страдаат од неухранетост, а во сојузната држава Јунити, каде живеат 20 илјади деца, вчера беше прогласена состојба на општа глад.