Околу 95 затвореници побегнаа од затворот во северна Сирија со кој управуваат џихадистите на ИД, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, наведувајќи дека меѓу побегнатите се и 30-тина курдски борци.
Затворот се наоѓа во градот ал Баб на околу 30 километри јужно од турската граница, пренесува Ројтерс.
ИД контролира поголемо подрачје во северен Ирак, каде има сопствени затвори, судови и други институции на т.н. „исламски калифат“.
Меѓу побегнатите затвореници освен курдските борци има и сириски цивили и членови на исламските баталјони коишто се противат на радикалноста на ИД.
Џихадистите во ал-Баб воведоа состојба на голема приправност и со помош на разглас ги повикуваат граѓаните да ги фатат побегнатите.