Околу 155 илјади мигранти и бегалци пристигнале во Грција од почетокот на јануари до крајот на април оваа година, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.
За тој период до бреговите на Европа пристигнале 183.017 мигранти.
Најголемиот дел од нив, 154.661 пристигнале во Грција, 27.265 во Италија, 1.063 во Шпанија и 28 на Кипар.