Продолжуваат летовите на авганистанскиет бегалци од Германија во САД од американската воена база кај Рамштајн, а од саботата со девет летови отпатувале 2.500 Авганистанци.
На заминување во САД сѐ уште чекаат околу 6.000 Авганистанци. Околу 1.600 од споменатата американска воена база во Германија би требало да отпатуваат до крајот на вторникот.
Летовите кон САД беа прекината николку седмици поради неколку случаи на зараза со сипаници. Околу 8.800 луѓе од тогаш се вакцинирани и против оваа болест и против Covid-19.
„Од почетокот на операцијата на 20-ти август преку воздухопловната база Рамштајн минаа повеќе од 34.800 евакуирани. До денеска повеќе од 28.500 бегалци ја напуштија воената база кон САД или некоја друга безбедна дестинација“, се наведува во писмената изјава на портпаролот на базата.
Рамштајн, којашто е лоцирана на западо на Германија, е една од најголемите американски воени бази надвор од територијата на САД. Покрај базата во Катар е една од главните точки од кои Авганистанците, кои избегаа од татковината откако талибаните ја преземаа власта во Кабул, заминуваат кон конечните дестинации.