Околу 260 луѓе ги загубиле во уривањето на воениот авион во близина на главниот гад Алжир, ги пренесуваат обновените податоци алжирските медиуми во средата.
Авионот се урнал претпладнето кусо време по полетувањето од воената база Бувафирк. Авионот од типот „Илјушин Ил-78“, според непотврдени информации ги превезувал војниците во западниот алжирски град Бечар. Меѓу засега 257 загинат се и 26 припадници на Полисарио (Народниот фронт за ослободување на Западна Сахара – з.р.).
На местото на несреќата пожарот го гаснат 14 противпожарни единици, а околу триесетина амбулантни возила и 300 спасувачи се упатени во областа.
Извори соопштиле дека спасувачките служби пронашле еден настраден во критична состоба, но тој не бил меѓу патниците во леталото. Најверојатно, станува збор за лице кои во моментот на несреќата се наоѓало во зоната на падот.
Министерството за одбрана на Алжир, без да изнесува какви и да се инфомрации, објави дека формирало комисија за истражување на несреќата.