Околу 30 авганистански полицајци убиени во талибански напад

Најмалку 30 припадници на авганистанските безбедносни сили се убиени во напад на талибанските милитанти во покраината Бадгис, пренесува во средата агенцијата Reuters повикувајќи се на локалните власти.

Како што објави агенцијата, талибанските бунтовници извршиле напад врз два контролни пункта во средата рано утрото. Станува збор за прв голем напад на талибаните од прогласувањето на примирјето.

Во саботата авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека примирјето меѓу владините сили и движењето Талибан еднострано ќе биде продолжено уште десет дена. Првично Кабул објави примирје во периодот од 11-ти до 19-ти јуни коешто гоприфатија талибаните, но на почетокот од седмицава рекоа дека немаат намера да ја поддржат новата иницијатива на Гани.

Претходно беше објавено дека декларацијата во врска со резултатите од конференцијата во Ташкент ја одразува заедничката позиција за потребата од почетокот на директните разговори меѓу владата во Авганистан и вооружената опозиција, особено талибаните, без да бидат изнесени какви и да се предуслови.