
Околу 30 шефови на држави и влади ќе учествуваат на прошталната церемонија од поранешниот француски претседател Жак Ширак во Париз, објави радиото Europe 1, повикувајќи се на Елисејскиот дворец.
Радиото, меѓу другите, го најави присуството на рускиот претседател Владимир Путин кој во интервјуто за Financial Times од крајот на јуни годинава рече дека бил импресиониран од Ширак.
„Ако мислите на некои од сегашните лидери од разни земји, од оние со кои сум имал можност да комуницирам, многу сериозно бев импресиониран од поранешниот француски претседател Жак Ширак. Тој е вистински интелектуалец, вистински професор, човек со голема тежина, многу интересен. Кога беше претседател, тој (Ширак) имаше свое мислење за секое прашање, тој секогаш со уважување се однесуваше кон мнението на партнерот“, рече тогаш Путин.
Своето присуство го најавиле и унгарскиот премиер Виктор Орбан, италијанскиот претседател Серџо Матарела, либанскиот премиер Саад Харири, белгискиот премиер Шарл Мишел, германскиот претседаетл Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и други.
Ширак почина во четвртокот на 87-годишна возраст во семејниот дом. Беше претседаетл на Франција од 1995 до 2007 година. Ширак ќе биде погребан на познатите париски гробишта Монпарнас, покрај неговата најстара ќерка Лоранс.
Понеделник 30-ти септември е прогласен за дена на националната жалост во Франција, а во црквата Сен Сулпис во Париз ќе се одржи богослужба на којашто ќе присуствува францискиот претседател Емануел Макрон и челници на други држави. Овој храм во моментов е замена за Нотр Дам за одржување големи церемонии, која настрада во сулен пожар.
Во недела ќе се одржи националната проштална церемонија од Ширак во Домот на инвалидите. Телевизијата BFM во саботата објави дека семејството на Ширак решило да им даде можност да се збогуваат со починатиот политичар, па ковчегот со телото ќе биде изложен од 14 часот по локално време во црквата Сен Луи (свети Лудовик) во коплексот на Домот на ивналидите