Најмалку едно лице е повредено во немирите во бегалскиот камп кај Идомени. Инцидентот избил кога пакистански и авганистански државјани почнале да се гаѓаат со камења и со други предмети.
Грчката полиција пуштила солзавец за да ги запре конфликтите во кои што учествувале 300 бегалци и мигранти но никој не е уапсен, пренесува АП.
Повреденото лице било пренесено во болница.
Полицијата соопштила дека засега не се познати причините за инцидентот. Во кампот по затворањето на Балканската рута останаа заглавени околу 10.000 бегалци.