Околу 40 лица загинаа а најмалку 347 се повредени во силните бури што во понеделникот ја погодија провинцијата Нангархар во источен Авганистан, соопшти авганистанското Министерство за здравство.
Портпаролот на министерството Шарафат Заман изјави дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување.
Невремето, кое донесе силен дожд, го погоди градот Џалалабад, областите Сурх Род, Бати Кот и Бехсуд. Локалните власти пријавија голема штета на куќи и на 11-члено семејство затрупано под урнатините во еден инцидент во областа Сурк Род.
Владините агенции се обидуваат да организираат спасување и да пружат помош. Одржани се итни состаноци со хуманитарни организации за да се побара дополнителна помош.
Деструктивната сила на бурата не само што резултираше со жртви, туку ја уништи инфраструктурата на областа, соборувајќи околу 60 столбови за електрична енергија, оставајќи многу области без струја. Локалните извештаи, исто така, укажуваат на штета од падовите на дрвја, штти врз земјоделските култури, телекомуникациски системи и инфраструктурни проекти.
Нангархар се соочува со долг и тежок процес на закрепнување. Авганистан е подложен на екстремни временски настани како што се поплави и суши. Според организациите на ОН, Авганистан е шестата најзагрозена земја во светот поради климатските промени.
По децении војни и конфликти, земјата е лошо подготвена да се справи со последиците од климатските промени. Земјата сè уште се опоравува од повеќекратните земјотреси претходно оваа година и големите поплави во март.