Околу 400 мртви и 40.000 бегалци во Мијанмар

Речиси 400 луѓе ги загубиле животите во борбите кои го зафатија северозападот на Мијанмар изминатата седмица што претставува најголема ескалација на насилствата над малцинските муслимани Рохинги во изминатите неколку децении.

Границата кон Бангладеш, според изворите на ОН, ја минале најмалку 38.000 Рохинги изминатава седмица од минатиот петок кога побунетите припадници на оваа муслиманската заедница нападнаа во координирани напади 30 полициски станици и воена база во покраината Ракине, предизвикувајќи контраудар од војската.

„Се проценува дека до 31-ви август 38.000 луѓе минале преку границата во Банлгадеш“, изјавија функционери на Обединетите нации во петокот.

Војската објави дека спроведува операција на чистење на „екстремистичките терористи“ и дека на безбедносните сили им е кажано да ги штитат цивилите. Меѓутоа, побегнатите муслимани тврдат дека се спроведува кампања на убивање и палење за да бидат протерани.

Насилството претставува драматична ескалација на судирот кој тлее од минатиот октомври кога слична серија напади од страна на припадници на муслиманите Рохинги врз безбедносните сили предизвика жесток одговор на властите. Поради страдањата на цивилите мијанмарската војска и владата беа критикувани од меѓународната заедница.

Односот кон 1,1 милиони муслимани Рохинги во мнозинскиот будистички Мијанмар се покажа како еден од најголемите предизвици за челничката Аунг Сун Суу Кји, којашто тогаш ги осуди бунтовничките напади и ги пофали безбедносните сили за реакцијата.

На припадниците на Рохинга им е ускратено државјанството на Мијанмар и се сметаат за илегални имигранти, главно од соседен Бангладеш и покрај тоа што во тој дел од Мијанмар живеат со векови.

Мијанмарските власти евакуриаа изминатата седмицва околу 11.700 „етнички жители“ будисти од Ракине во соседната покраина.

Во четвртокот 150 побунети Рохинги изведоа нови напади врз безбедносните сили во близина на село во коешто живеат хиндуси.

Банлгадешката погранична полиција во четвртокот пронашла тела на 15 Рохинги муслимани од кои 11 на деца во рекага Наф преку којашто се обидувале да влезат во оваа земја со што бројот на удавените бегалци се искачи на 40.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во вторникот изрази длабока загриженост од извештаите дека цивили се убиени во судирите и го повика соседен Бангладеш да им овозможи бегство на муслиманските Рохинги кои се обидуваат да влезат во оваа држава барајќи засолниште од судирите.

Банлгадеш оневозможуваше масовно минување на границата за бегалците. Во оваа држава веќе има 400.000 беглаци Рохинги и порача дека нема повеќе да ги прифаќа. На „ничија“ земја меѓу Мијанмар и Банлгадеш во петокот има 20.000 луѓе, според ОН.