![20621298_844358902389269_2154511499994606149_n-777x437](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/20621298_844358902389269_2154511499994606149_n-777x437.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Околу петстотини Французи кои патуваат низ Европа (Europ’raid), ќе поминат и низ Македонија, а во нашата земја ќе ноќеваат единствено во Македонска Каменица, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“.
Французите ќе пристигнат денеска во попладневните часови и прва станица ќе им биде Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат школски прибор за учениците во основното училиште. Предвидено е да се оддржи и дефиле, бидејќи сите овие млади авантуристи патуваат со Пежо 205. По ноќевањето на „Еленец“, французите ќе заминат во соседна Бугарија.
Овој настан е логистички поддржан од општина Македонска Каменица.