Околу 7.000 бегалци стигнаа во Германија

Околу 7.000 бегалци од Унгарија, преку Австрија синоќа стигнаа во Германија, во најголем дел на железничката станица во Михен, јавуваат германските медиуми, пренесе МИА.

Бегалците што е можно побрзо ќе бидат распоредени во германските покраини.

2

„Пристигнување во ветената земја“, „Данке Дојчланд“ и „почитување“, се слушаа од бегалците, кои во најголем дел се од Сирија.

Германските медиуми наведуваат дека договорот на канцеларката Ангела Меркел со властите во Унгарија и Австрија за давање дозвола за влез на бегалците бил остро критикуван од баварската Христијанско-социјална унија, која е сестринска партија на Демохристијанската унија (ЦСУ), со оценка дека тоа е погрешен сигнал.

3

Од редовите на ЦСУ беше соопштено дека одлуката да се дозволи на бегалците влез во Германија, Меркел не ја договорила со германските покраини.