Владата на СДСМ работи на штета на граѓаните и во услови на економска криза ги зголемува давачките кон државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зголемената акциза за горивата ќе падне директно на товар на фирмите и граѓаните. Таа ќе биде на штета сите, а постои и сериозна можност за ценовен шок. Буџетските дупки кои се резултат на неспособното и расипничко работење на Владата на СДСМ ќе треба да се пополнуваат со парите на граѓаните, а најпогодените ќе бидат сиромашните. Во целиот свет Владите му помагаат на сопствениот народот, само владата на Спасовски и Заев зема од народот. СДСМ работи единствено за остварување на интересите на мала група олигарси. Постои сериозен сомнеж дека лица блиски до власта прават малверзации со екстра лесното гориво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека пресметката вели дека околу 9 милиони евра изнесува профитот кој се остварува со злоупотреба на продажбата на екстра лесното гориво во Македонија. Македонија има потреба од 5 милиони литри екстра лесно гориво, а се увезува 55 милиони литри. Логично се поставува прашањето каде завршуваат останатите 50 милиони литри гориво во вредност од 9 милиони евра?
-На граѓаните им е јасно дека некој профитира на нивниот грб во услови на сериозна економска криза. Повикуваме Владата веднаш да ја отповика оваа штетна мерка со цел да се заштитат интересите на граѓаните, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.