Околу двесте загинати по невремето на Филипини

Околу двесте луѓе загинале во поплавите и одроните на земјиште коишто ги предизвика тропската бура Тембин кој го зафати јужниот дел од Филипони, соопштија во саботата локалните функционери.

 

Најмногу жртви се регистрирани во покраината Ланао дел Норте со 127 мртви и 69 исчезнати, а погодени се најмалку три града, соопшти полицијата.

Во покраината Зобоанга дел Норте загинале 47 луѓе, во покраината Ланао дел Сур – 18, а осум жртви и се регистрирани во покраините Бикиднон и Мисамис Оккидентал, како и во Илиган Сити, соопштија властите.

Бурата Тембин го зафати во петокот јужниот регион на вториот по големина филипински остров Мионданао, каде ветриштата достигнаа брзина до 90 километри на час. Во саботата ја погоди покраината Палаван, со ветрови со најголема брзина од 105 километри на час и налети до 145 километри на час, соопшти филипинскиот хидрометеоролошки завод.