Околу Качаничка клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса, информира ЦУК

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информира дека во подрачјето околу Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора има значително нестабилна облачна маса.

Оттаму соопштуваат дека во ова подрачје има интензивен пороен дожд, чести грмежи, силен ветер и појава на град.

Посочуваат дека правец на движење на оваа нестабилна маса е од запад кон исток, односно во правец кон Куманово.