Околу шест илјади мигранти пристигнале во Италија од вторникот досега

Оваа недела речиси сите мигранти, кои пристигнале преку Средоземното Море се регистрирани во Италија, изјави портпаролот на Организацијата, Џоел Милман.

Од регистрираните вкупно 6.664 лица, кои пристигнале во Европа од вторникот, само 174 лица дошле во Грција. Во италијанскиот град Месина денеска пристигнале 357 мигранти.

Според Милман овие податоци за Италија покажуваат дека во земјата до крајот на годината можат да пристигнат речиси сто илјади мигранти.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на годината во Европа преку Средоземното Море пристигнале 177.207 мигранти, од кои 153.362 во Грција, 23.170 во Италија, 648 во Шпанија и 28 во Кипар.

Според Организацијата најмалку 732 мигранти се удавиле оваа година во обид да го преминат Средоземното Море и да стигнат до Европа.