Новак Ѓоковиќ денеска ја почна својата 400-та недела како лидер на АТП ранг-листата на најдобри светски тенисери и испиша историја бидејќи е прв кој 400 недели бил број 1.
На вечната листа на најдолготрајни лидери кај мажите, второто место го држи Роџер Федерер со 310 недели. Ѓоковиќ има голема предност пред Карлос Алкарас и уште долго ќе ја држи првата позиција.
Што се однесува до македонските тенисери, Калон Ивановски имаше скок за седум места и сега е 323-ти, а следниот понеделник ќе биде уште повисоко пласиран. Мал напредок имаа и Горазд Србљак и Обрад Марковски, кои не се меѓу првите 1.000.
Кај дамите, Лина Ѓорческа остана 178-ма на светот, а Магдалена Стоилковска е 1.229-та.