Ѓоковиќ бара промена на едно правило на Вимблдон

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ побара од организаторот на најпрестижниот тениски турнир натпреварите што се играат на Централниот терен и на Теренот број еден да започнуваат порано од вообичаеното.

Причината за барањето на Ѓоковиќ е полицискиот час кој важи во Лондон и во Обединето Кралство. Тој започнува во 23 часот по англиско време, а вчера вечерта Ѓоковиќ својот меч со Тим ван Рајтовен го заврши во 22.40 часот и поради тоа и тенисерот и навивачите кои го следеа мечот до крај, се вратиле во своите домови откако е започнат полицискиот час.

Според традицијата, мечевите на Централниот терен и на Теренот број еден започнуваат од 13.30 часот, а Ѓоковиќ смета дека би било добро да се промени ова правило и дуелите да започнуваат малку порано.

– Знаеме каква традиција има Вимблдон и колку се почитува истата. Почетокот на мечевите што се играат на двата главни терени не Вимблдон не се менуваат со години, но слушам дека тоа би можело да се промени и првите дуели да започнуваат порано. Не гледам причина зошто да не биде така бидејќи ние имаме обврски да даваме интервјуа по мечевите – вели Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер исто така има уште една замерка за ноќните дуели.

– Доколки играте до доцна на двата главни терени ќе играте со затворен кров и тоа ги менува условите, стилот на игра, начинот на игра и движењата – додава Ѓоковиќ.