Ѓоковиќ: Барам промени, сите мора да се третират подеднакво

Сите ја чекаа прес-конференцијата на Новак Ѓоковиќ на УС Опен, бидејќи тоа беше прва прилика да го прокоментира фактот дека Јаник Синер падна на допинг тестот.

„Таквите примери се причината зошто ја основавме ПТПА, која стопроцентно ги претставува играчите и се грижи секој сантиметар да биде покриен за играчот да може да живее од овој спорт. Разговаравме за „длабочината“ на Тур, за тоа колку играчи можат да живеат од тенисот

Има многу прашања на кои се работи во ПТПА, а се уште не сме признати колку што би сакале да ни се признае, во рамките на тенискиот екосистем. Кога станува збор за Јаник, ПТПА е секогаш за стандардизирани протоколи. Ја разбирам фрустрацијата на играчите бидејќи нема постојаност.

Поминаа пет-шест месеци откако тоа беше доставено до него и неговиот тим. Има многу пропусти во системот, ги разбирам чувствата на играчите кои се прашуваат дали кон нив се однесувале на ист начин“, изјави Ѓоковиќ.

„Се надевам дека раководните тела во тенисот ќе научат нешто од ова, јасно е дека мора да има промени. Некои имаа слични случаи или исти случаи со различен исход. Дали е тоа до финансиите, дали играчот можел да си дозволи поефективен бранител. Не знам дали е тоа така, но мораме да ги стандардизираме работите, така што секој играч – без разлика на рангот и профилот – се третира подеднакво“.