Тенисерот број еден во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, оваа година би можел да игра на последниот „гранслем“ турнир во сезоната – УС Опен во Њујорк, откако американската влада одлучи дека патниците од странство повеќе не мора да ги презентираат потврда за вакцинација против Covid-19.
Ѓоковиќ, кој трипати во кариерата го освои УС Опен (2011, 2015, 2018), минатата година не играше во Њујорк бидејќи не сака да открие дали бил вакциниран или не против коронавирусот. Бидејќи немаше доказ за невакцинирање, минатата година ја пропушти целата американска турнеја, а оваа пролет повторно не настапи на турнирите „мастерс 1000“ во Индијан Велс и Мајами.
Ѓоковиќ со 22 освоени „гренд слем“ титули во моментов го држи првото место на вечната листа заедно со Шпанецот Рафаел Надал.