Ѓоковиќ го освои Австралија Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија Опен победувајќи го Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) во финалето во Мелбурн по три часа игра.

Тоа е рекордна 10-та титула на Австралија Опен и 22-ра грен-слем титула за Ѓоковиќ, изедначувајќи се Рафа Надал. Исто така, Ѓоковиќ во понеделник ќе се врати на врвот на АТП-листата.

Циципас го загуби и второто грен-слем финале, а пред две години беше поразен на Ролан Гарос од Ѓоковиќ.