Ѓоковиќ не можеше да остане „нем“ на зборовите на Александар Митровиќ

Српскиот фудбалски репрезентативец Александар Митровиќ призна дека е во состојба и физички да се пресмета со своите соиграчи бранејќи го ликот и делото на Новак Ѓоковиќ, притоа раскажувајќи за ситуација која се случила во клубот.

„Бев тогаш во Англија, и навивав за Ѓоковиќ. Па, јас бев во состојба и да се тепам. Бев неколку пати на раб тоа да го направам. Се сеќавам на едно финале на Вимблдон, кога играше против Федерер. Од 30 играчи и членови на стручен штаб, само јас и голманот Шпанец бевме за Новак, сите други 28 за Федерер“ – открива Митровиќ.

Српскиот фудбалер исклучително цени се што прави Новак за спортот.

„Не знам. Кога кажуваат нешто лошо против Новак нешто врие во мене и подготвен сум да се тепам. Го сакам како роден брат. Криво ми е што луѓето го оспоруваат, па и кај нас. А, тој е навистина добар човек, карактер, фер-плеј, а тие секогаш му наоѓаат нешто. А, убедливо е најдобар на сите времиња. Но, ако… Што повеќе го навредуваат, тој уште повеќе игра“ – дополнува Митровиќ.