
Според Србинот, најблиску до триумфот на последниот од најголемите турнири е Рафаел Надал, иако тој беше елиминиран во италијанската престолнина уште во четвртфиналето од финалистот Диего Шварцман.
„Иако загуби во Рим, лично сметам, а сигурен сум дека со моето мислење ќе се согласат и останатите, дека Рафа Надал е фаворит број еден за триумф на Ролан Гарос. Поради рекордот кој го собори во Париз, поради неговите резултати, сметам дека никој не може да биде пред него – изјави Ѓоковиќ.
Шпанецот ја брани титулата во Париз и воедно ја брка 20. круна на овие турнири, со што би се изедначил на врвот со Роже Федерер.