Петтиот тенисер во светот по голема борба и 188 минути игра го совлада Себастијан Корда со 6:7 (8), 7:6 (3), 6:4.
Тоа беше негово деби трофеј во Аделаида, исто така во 2023 година и 92-та титула во кариерата, што го изедначи со Рафаел Надал.
Така на најдобар начин ја отвори сезоната и покажа дека ќе биде фаворит број еден на Австралија Опен.
Покрај 250 поени, победникот на турнирот добива и награден чек од 94.560 долари.