Новак Ѓоковиќ вчера обезбеди ново финале на Вимблдон во кое против Карлос Алкараз ќе игра за својот 24 грен-слем трофеј во кариерата.
По победата против Јаник Синер, Ѓоковиќ ги израдува и сите во Србија потврдувајќи дека ќе игра на Дејвис Купот оваа година. Србија ќе игра во групата Б со Шпанија, Чешка и Јужна Кореја.
„Ќе играм оваа година и се радувам на тоа. Не играв минатата и ми беше криво бидејќи се надевав дека момците ќе ја поминат групата, па потоа да им се придружам во Малага. Но и групата минатата година беше тешка“.
„Се надевам дека ќе бидам здрав и во тој случај сигурно ќе стојам на располагање. Распоредот можеме е незгоден бидејќи се игра една недела после финалето на УС Опен, но му кажав на селекторот Виктор (Троицки) дека сум тука“, изјави Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон Ѓоковиќ ќе го игра утре во терминот од 15:00 часот.