Откако Надал ја освои 21 титула на Грен Слем турнирите, и со ова стана најтрофеен во оваа категорија во историјата на тенисот, а Ѓоковиќ поради невакцинација и „лажен“ Ковид-19 позитивен тест според британски Би-Би-Си, не доби дозвола за настап на Австралија Опен, првиот на АТП рангирањето размислува да се согласи на Ковид-19 вакцинација.
Ова е последната најава на медиумите од Србија, кои пренесуваат дека Ѓоковиќ веќе почнал сериозно да размислува за вакцинација со оглед на најавите дека повеќето турнири во 2022 година бараат целосна вакцинација за учество.
Ѓоковиќ засега е 1 на АТП рангирањето, но ако не добие право за учество на престојните 1000-ки, ќе го загуби и местото кое засега му го носи епитетот, најдобар по ранкинг во светскиот тенис.