Ѓоковиќ се враќа на тениските терените во април

По откажаниот настап на Мастерсот во Мајами, се уште првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ најави кога ќе биде неговото следно учество на тениските терени.

Според најновите информации, Ѓоковиќ од 7 до 14 април ќе игра на АТП 1000 Мастерсот во Монте Карло!

Таа вест ја потврди и официјалниот сајт на првиот светски тенисер. По раната елиминација на Мастерсот во Индијан Велс, во третото коло против помалку познатиот Италијанец Лука Нарди,

Ѓоковиќ реши да го прескокне турнирот во Мајами кој се игра во моментов. Сепак, тој остана во САД и присуствуваше на бројни настани.