Ѓоковиќ се враќа на турнирот во Мајами, a ќе настапи и во Белград

Најдобриот теисер во моментов во светот Новак Ѓоковиќ,ќе се врати на терените на крајот на месец март кога ќе учествува на Мастерсот во Мајами,објавено е на официјалната веб-страница на српскиот тенисер.

Ѓоковиќ освен на турнирот во Мајами и Монте Карло, ќе игра и на „Србија Опен“ кој се враќа во Белград оваа година.

АТП турнејата после Мајами се сели во Европа, каде ќе започне сезоната на земјени терени, а првиот светски рекет ќе настапи на Мастерсот во Монте Карло кој е на програмата од 11 до 18 април.

Оваа година, по деветгодишна пауза, Белград повторно ќе биде домаќин на турнирот во серија АТП 250, бидејќи турнирот кој претходните години се одржуваше во Будимпешта, доби дозвола да се пресели во во престолнината на нашиот северен сосед