Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ најави дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио. Минатиот викенд, по победата на Вимблдон, Србинот рече дека можеби нема да патува на Игрите.
– Горд сум што одам во Токио и заедно со нашиот тим ќе се борам за медали на олимписките терени. За мене, играњето за репрезентацијата на Србија отсекогаш претставуваше посебна радост и мотивација, и ќе дадам се од себе да не направам сите среќни – изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.