Ѓоковиќ во третото коло на УС опен, откако Ѓере го предаде мечот

Бранителот на титулата на УС опен Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло откако неговиот сонародник Ласо Ѓере го предаде мечот при водство на Ѓоковиќ од 2:0 во сетови (6-4 6-4) и 2:0 во гемови во третиот сет. Мечот до моментот кога Ѓере реши да го предаде траеше два часа и 12 минути.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Австралијанецот Алексеј Попирин кој беше подобар од Педро Мартинез од Шпанија со 3:0 во сетови.

Победи во второто коло на УС опен забележаа и другите фаворити. Бугаринот Григор Димитров го совлада Хиџиката со 3;0 во сетови, а со убедливи 3:0 славеше и Германецот Саша Зверев против Милер од Франција.

Италијанецот Мусети се пласираше во третото коло по голем борба против Србинот Кецмановиќ кого го совлада со 3:2, а утринава победи зебележаа и Норвежанецот Каспер Руд против Французинот Монфилс и Тејлор Фриц од САД против Италијанецот Беретини.