Ѓоковиќ впиша рекорд во добиени последователни тај-брејкови на грен-слем

Српскиот тенисер и втор носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ноќта кон понеделникот стаса до 13 последователни добиени тај-брејкови на гренд слем турнирите, откако освои два тај-брејка во осминафиналето против полскиот тенисер Хуберт Хуркач.

Со ова Ѓоковиќ го урна рекордот на Пит Сампрас кој во 1994 година имаше добиено 12 тај-брејкови во низа.

Мечот Ѓоковиќ-Хуркач почна доцна синоќа на централниот терен на Вимблдон и е прекинат при водство од 2-0 во сетови за Ѓоковиќ (7-6, 7-6), а ќе биде доигран во понеделникот како втор меч на програмата на централниот терен веднаш по мечот Јелена-Рибакина-Беатрис Хадад.

Ѓоковиќ-Хуркач синоќа играа исклучително возбудлив меч без ниту еден брејк, откако секој играч го задржи својот сервис, пред се благодарение на фантастичниот прв сервис на Хуркач кој сервираше со над 80% прецизност, и неверојатна сила од преку 220 километри на час по сервис.

Победникот на овој меч во четвртфиналето ќе игра со рускиот тенисер Андреј Рубљов кој вчера го победи Казахстанецот Александар Бублик со 3:2 во сетови, во тежок меч кој траеше три часа и дваесет минути.