Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рано утрово во второто коло на Австралија опен го совлада Тацумо Ито со 3-0, по сетови 6:1, 6:4 и 6:2. За Србинот, ова е 70. натпревар во Мелбурн на кој славеше победа.
Австралија опен стана трет Грен слем на кој Србинот извојува 70 победи. Ова е неговата статистика на победени и изгубени натпревари на четири Грен слема:
Австралија опен 70-8 (победи-порази)
Ролан Гарос 68-14
Вимблдон 72-10
УС опен 72-11.
Ѓоковиќ стана вториот играч кој оствари 70 победи на три Грен слема. Пред него тоа го стори само Роџер Федерер, кој има 70 победи на сите четири Грен слема. зс/