OKTA ги објави финансиските резултати за 4-ти квартал од 2021/ Фискална година 2021

Профитабилноста се враќа на ниво пред кризата преку подобрени оперативни резултати поттикнати од зголемувањето на продажбата

4 квартал 2021 4 квартал 2020 %

Разлика

(во милиони денари) 12М 2021 12М 2020

разлика
8.538 3.721 129% Приход од продажба 25.946 15.193 71%
315 254

24% Бруто Маржа 1.165 788 48%
136 128 7% Оперативни трошоци* 522 514

2%
228 125 82% ЕБИТДА 839 630 33%
-17 -629 -97%

Добивка пред оданочување 453 -553

*Еднократните ставки се исклучени

ОКТА ги објавува годишните финансиски резултати, со ЕБИТДА која достигна 839 милиони денари, значително надминувајќи ги 630 милиони денари остварени во 2020 година, со соодветна добивка пред оданочување во висина од 453 милиони денари. Следствено, во четвртиот квартал ЕБИТДА следи аналоген тренд, достигнувајќи 228 милиони денари, споредено со 125 милиони денари генерирани во истиот период минатата година.

ОКТА успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување во втората година од здравствената криза, додека континуирано одржува строги здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи услугата кон потрошувачите да се одвива непречено.

Солидните резултати за годината која заврши целосно ја отсликуваат деловната стратегија која ОКТА одлучно и дисциплинирано ја применува во изминатите години. Додека успешно обезбедува зголемување на годишните продажни количини, извонредниот раст и високата профитабилност, компанијата напредува со програмите за трансформација, преку кои ја зголемува агилноста на својата организациска структура и ги намалува трошоците, создавајќи цврста основа за идните достигнувања.

Клучни резултати во четвртиот квартал и во 2021 година

·  EБИТДА достигна 839 милиони денари, споредено со 630 милиони денари  генерирана во истиот период минатата година, како резултат на одличните продажни перформанси, претпазливото управување со залихите, што овозможи непрекинато снабдување на потрошувачите во период на многу неизвесности, и континуираното зголемување на меѓународните цени на нафтени деривати.

·  Приходите од продажба изнесуваат 25.946 милиони денари за 12 месеци во 2021 година, надминувајќи ги 15.193 милиони денари остварени во истиот период минатата година, и се  резултат на постепеното зголемување на побарувачката и растот на меѓународните цени на нафтени деривати.

·  Бруто маржата го следи трендот на останати показатели, достигнувајќи 1.165 милиони денари за 2021 година, надминувајќи ги 788 милиони денари што беа остварени во истиот период минатата година, како резултат на зголемувањето на продажните количини и континуираниот раст на меѓународните цени на нафтени деривати.

·  Во четвртиот квартал од 2021 година, ЕБИТДА изнесува 228 милиони денари, што е повисока за 82% споредено со истиот период во 2020 година, како позитивен резултат од  зголемувањето на продажните количини, кои беа главно поттикнати од зголемениот извоз и растот на меѓународните цени на нафтените деривати, кои бележат пораст од 129% во споредба со четвртиот квартал во 2020 година.

·  На годишно ниво, добивката пред оданочување изнесува 453 милиони денари, надминувајќи 553 милиони денари загуба за истиот период минатата година. Негативен ефект врз резултатот за 2020 година имаше еднократната резервација во износ од 781.4 милиони денари направена во врска со тековниот судски спор со Царинската управа на Република Северна Македонија. Резервација за истиот случај беше направена и во четвртиот квартал од 2021 година во износ од 194 милиони денари што влијае на резултатот на компанијата на квартално и на годишно ниво.

·  Добивката пред оданочување, прилагодена за износот на гореспоменатата резервација, изнесува 647 милиони денари за 2021 година, во споредба со соодветно прилагодениот резултат од 228 милиони денари остварен во 2020 година. Зголемениот резултат е поттикнат од растот на продажбата,  зголемениот приход од количините на државните резерви кои се чуваат во инсталацијата на компанијата, придружени со позитивниот ефект на движењето на меѓународните цени на нафтените деривати.

·  Компанијата следејќи ги стратешките приоритети инвестираше 79.331 милиони денари во текот на 2021 година, во одржување на капацитетите за складирање, како и во иницијативите за здравје и безбедност при работа.

ОКТА успеа да одржи доволна ликвидност за да се справи со ризиците предизвикани од КОВИД-19
кризата, што во исто време ѝ овозможи на компанијата да преземе комерцијални активности и да ја
поддржи својата стратегија без да искористи какви било кредитни линии.

***

Информации во врска со спорот со Царинската управа на Република Северна Македонија

Во 2019 година, Царинската управа на Република Северна Македонија спроведе контрола во ОКТА поврзана со акцизите за увоз на еуродизел во периодот од 2014 до 2018 година. Според нивното мислење, акцизите за овие увози не биле правилно пресметани, по што донесоа решенија за фискалната 2014 година, со кои се наметна дополнителен износ во висина од 23 милиони денари, кој беше платен во 2020 година.

Во текот на 2019 година, компанијата поднесе тужби, поведувајќи управни спорови за целосно поништување на овие решенија заради суштински прекршувања на процедуралните правила од страна на царинските власти и нивни пропусти при целосното и правилно утврдување на фактите за случајот, како и за правилното применување на релевантните закони. Заклучно со декември 2021 властите имаат издадено нови Решенија кои се однесуваат за 2015, 2016, 2017 и 2018 година, наметнувајќи дополнителен износ од 830 милиони денари.

На 31 декември, 2021 година, ОКТА направи резервации во висина од 954 милиони денари, кои претставуваат најдобра проценка на компанијата за потенцијалните идни одливи на парични средства. ОКТА ја задржува својата позиција дека постапува во целосна согласност со сите законски регулативи, исто така согласно добиените експертски мислења има намера да ја оспори ваквата одлука до највисоките судски органи во државата, како и доколку е потребно истата да ја доведе до интернационалните надлежни институции.

Корпоративна општествена одговорност

Последниот квартал од 2021 година, ОКТА го заврши со значајни придонеси за целата заедница. Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, компанијата го донираше третото инклузивно игралиште во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга. Со потпишувањето на нов договор со кошаркарската репрезентација, ОКТА стана главен спонзор на машкиот сениорски тим во квалификациите за пласман на 2023 FIBA Basketball World Cup. Како долгогодишен и верен партнер на културата, компанијата и оваа година го помогна реализирањето на водечки музички манифестации во земјава. Преку програмата „Нова Генерација“, со која ОКТА веќе петта година по ред активно ги поддржува талентираните и успешни студенти во државава, беа доделени петте стипендии за втор циклус на студии на УКИМ. Како дел од одбележувањето на 40-годишниот јубилеј на организацијата на Црвениот крст во ОКТА, компанијата активно се вклучи во кампањата „Помислете на нас“ организирана по повод Светскиот ден на борбата против гладта. На крајот од годината, ОКТА ги изненади со новогодишни подароци сите ученици од основните училишта лоцирани во околината на компанијата.

Посветената и континуирана заложба во борбата против пандемијата, компанијата уште еднаш ја потврди преку обновување на иновативниот CoVid-Shield сертификат, акредитиран од TÜV Austria Hellas, кој претставува потврда за преземените мерки за заштита на вработените, соработниците и потрошувачите во рамки на работните простории и инсталацијата во Миладиновци.

Индустријата е значително изложена на макроекономските фактори како што се цените на стоките, флуктуации на девизните курсеви, ризикот од движењата на каматните стапки, политичките случувања а во последно време и пандемијата. Флуктуациите на цената на стоката може да влијаат на цената на набавената стока, цената на стоката која се одржува како залиха (суровина или готови производи) или цената на продадената стока. Раководството на ОКТА внимателно ги следи пазарните предизвици и се стреми да ја води компанијата напред преку проактивно планирање и преку искористување на многубројните можности, со намера за понатамошни унапредувања на деловните резултати и подобрување на ефикасноста.