Во првата недела од најголемиот фестивал во Германија ситуацијата беше „мирна“ со зголемена инциденца од 199 на 311. Сепак, оттогаш во Минхен, според податоците на Институтот Роберт Кох, инциденцата се искачи на 695,8. Тоа значи раст од повеќе од 172 отсто за само една недела.
Инциденцата во Минхен е далеку над просечната инциденца во провинцијата Баварија, чиј главен град е Минхен.
Експертите посочуваат дека не може да се докаже оти драматичното зголемување на заболените од корона е поврзано токму со Октоберфест, но дека секако може лесно да се поврзе и да се претпостави.
И на другите фестивали во Баварија, по една и пол недела од настанот, е регистриран пораст на заразени лица, пренесува Танјуг.
Болниците веќе го „чувствуваат“ зголемувањето на инциденцата, бидејќи во Баварија 162 пациенти со корона се сместени на интензивна нега. Тоа е далеку од претходните вредности кога се преземаа епидемиски мерки, но е предупредувачки знак.