Олабавувањето на мерките и укинувањето на карантинот во Грција во неколку фази

ÔÑÁÌ. ÔÑÉÔÇ 9 ÏÊÔÙÂÑÉÏÕ 2018 (EUROKINISSI/ ÃÉÙÑÃÏÓ ÊÏÍÔÁÑÉÍÇÓ)

Постепено во неколку фази, прво со отворање на училиштата, потоа на продавниците, а на крај рестораните и кафулињата, ќе се одвива олабавувањето на рестриктивните мерки и укинувањето на карантинот во Грција, според портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас.

Говорејќи за грчката телевизија Skai, Пецас ги објасни главните насоки на планот на Владата за декември, односно по завршувањето на карантинот на 30-ти ноември.

Рече дека ќе се отворат сите училишта и основните и средните, а рестораните, кафулињата и слично, планот е да почнат со работа пред Божик, но тоа нема да важи и за ноќните клубови и барови каде што се прават гужви.

Пецас посочи дека следните денови  ќе биде соопштен целосниот план за укинување на рестрикциите.

За вакцината повтори дека ќе биде беспатна и рече дека до крајот на првата половина на 2021 година ќе постои можност, со обезбедените 25 милиони вакцини да биде вакцинирано целото население