Оланд и Камерон згрозени од егзекуцијата на американскиот новинар

Убиството на уште еден американски новинар од страна на екстремистичката група Исламска држава беше строго осудено од страна на Франсоа Оланд, претседателот на Франција, како и од Дејвид Камерон, британскиот премиер.

Нагласувајќи дека тоа ја открива подлата природа на групата Исламска држава, Оланд изрази згрозеност од варварскиот чин, истакнувајќи дека ова исламистичко движење знае само за терор.

Камерон изјави дека Исламската држава нема никаква религија и дека претставува закана за Сиријците, Ирачаните, Американците и Британците, како и дека не прави разлика меѓу муслимани, христијани или какви било други религии.

Претходно од страна на оваа екстремистичка група беше објавена видео снимка на која се гледа како маскирани припадници на организацијата отсекуваат глава на втор американски новинар, заробен во Сирија, соопшти денеска приватната група СИТЕ, што ги следи терористичките активности. Според СИТЕ на снимката се наоѓа 31-годишен Стивен Сотлоф.