Францускиот претседател Франсоа Оланд наводно е во преговори околу прекинување на врската со првата дама Валери Триервелер, со која е девет години, откако што се откри дека е во врска со 41-годишната актерка Жули Гаје.
Британскиот весник „Дејли Телеграф“ објави за преговорите на првата двојка на Франција повикувајќи се на извори од Елисејската палата.
Четириесет и осумгодишната Трирвелиер во саботата е пуштена од париската болница во која мина десетина дена, откако во медиумите се појави веста за аферата на Оланд со актерката. Сега се наоѓа во ловечкиот дом покрај дворецот Версај.
Францускиот претседател минатата недела на прес конференција вети дека ќе се изјасни околу тоа која ќе биде негова официјална придружничка со оглед на тоа што за 11 февруари има закажано пат во САД. Пред скандалот тоа требаше да биде неговата сопруга која наводно се надева дека и покрај аферата ќе остане во врска со Оланд. Францускиот претседател, кој има четири деца со претходната партнерка политичарката Сеголен Ројал, наводно бил советуван да биде „претседател самец“ додека јавноста „не ја свари аферата“.
„Ако мора да дојде до разделување, тој мора да биде достоинствен кон Валери Триервеилер. И Жули Гаје не смее веднаш да се всели во Елисејската палата“, вели еден од советниците на Оланд за францускиот „Ле Фигаро“.