Оланд предлага продолжување на вонредната состојба до мај следната година

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера предложил вонредната состојба во земјата, која е воведена пред една година, да биде продолжена до мај следната година, со што ќе бидат опфатени и претседателските избори.

Оланд, зборувајќи пред француските новинари во мароканскиот град Маракеш, каде присуствува на состанокот на ОН за климатските промени, истакна дека сака продолжување на вонредната состојба, која е воведена по нападите во Париз минатиот ноември, а требало да биде укината во јануари следната година.

Претседателските избори во Франција се закажани за 23 април и 7 мај 2017 година.