
Џолев по три часа размислување го одби барањето за изземање на судијката Оља Ристова во новиот случај за 27-ми април
Барањето го поднесоа адвокатите на еден од обвинетите, по два основи: 1. Ристова веќе одлучувала и донела пресуди во случај за 27-ми април, што значи дека веќе има формирано мислење за кривично-правниот настан и 2. Судијката Ристова лајкнала објавен статус од нејзиниот брат во кој се информира за апсењето на еден од осомничените на кои треба да му суди Ристова.
Се работи за Владимир Атанасовски, екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, чие апсење на фејсбук го пренесе, инаку блискиот до СДСМ Илиевски, брат на судијката, а Ристова кликнала лајк што според одбраната е интеракција која алудира на допаѓање на изнесеното во статусот – односно дека на Ристова и се допаѓа што Атанасовски е уапсен.
Според закон, судиите не смеат да имаат предрасуди или да се пристрасни кон било која од странките во процесот – обвинителството или одбраната. Сепак, ова не беше доволно за Џолев да дозволи изземање на Ристова.