Олимпијакос последен учесник на Ф4 во Евролигата

Екипата на Олимпијакос ја комплетира четворката која ќе игра на завршниот турнир во Евролигата во Белград.

Грчкиот претставник синоќа во Атина ја доби мајсторката со Монако со 94:88 и со вкупни 3-2 во победи се пласира во полуфиналето.

По завршувањето на натпреварот навивачите на Олимпијакос втрчаа на теренот и заедно со своите миленици ја прославија големата победа. Поради влегувањето на теренот и употреба на пиротехнички средства, Олимпијакос сигурно ќе биде казнет.

Последен пат грчките „црвено-бели“ на „фајнал фор“ играа пред пет години.

Противник на Олимпијакос во полуфиналето ќе биде Анадолу Ефес. Во другото полуфинале ќе се сретнат Реал Мадрид и Барселона.