Олимпијакос го исфрли Милан, Розенборг го спаси Селтик

Во еден од најдраматичните натпревари во четвртокот вечерта во Европската лига, фудбалерите на Олимпијакост изборија пласман во 16-финалето, откако во Пиреа го победија со 3:1 Милан, елиминирајќи го италијанскиот претставник, а драматичноп беше и во дргута група каде Селтик иако беше дома поразен од РБ Салцбург мина натаму бидејќи Розенборг ремизираше кај РБ Лајпциг 1:1.

Во групата Г Олимпијакос во атинското предградие бркаше победа од два гола ралика против Милан за да го мине на табелата. По првото полувреме без голови „Росоњерите“ беа на чекор до целта, но домашните поведоа во 60- минута со голот на Сисе а десет минути подоцна Запата постигна автогол за водство од 2:0 за тимот од Пиреа и минување натаму. Но само две минути по автоголот Запата ја погоди противничката мрежа. Сепак, стадионот „Караискакис“ се запали кога Фортунис од пенал погоди во 82 минута за 3:1. Милан во финишот притисна за постигнување на барем уште еден погодок, но на крајот не успеа. Во вториот меч од групата Реал Бетис одигра без голови на гостувањето кај Дуделанж и го обезбеди првото место во групата.

До последната минута драматично беше и во Групата Б, каде Селтик и РБ Лајпциг се бореа за второто место, откако првото од порано го обезбеди РБ Салцбург.

Австрискиот тим имаше обезбеден билет за 16-финалето, но на шкотскиот им беше потребен бод за потврда на второто место. Селтик имаше позитивен резултат до 67 минута кога Дабур го доведе во водство Салцбург, а во 78 минута кога за 2:0 погоди Гулбрандсенм, Шкотите веќе беа елиминирани, осбено што во вториот меч Лајпциг имаше водство од 1:0 против Розенборг кој му беше доволен за пласман во втората фаза. Но Селтикс го спаси Региниусен кој во 86 година погоди за Розенборг и му откина два бода на Лајпциг. Интересно е што норвешкиот тим во првите пет кола впиша пет порази и никој не му даваше шанси на гостувањето во Германија. Но Розенборг успеа да издржи до крајот и да го турне Селтик во вториот круг, а кој успеа само да го ублажи домашниот пораз во петтата минута од судиското продолжение со голот на Ничам.

Така на крајот ланскиот полуфиналист РБ Салцбург го освои првото место со шест победи, Селтик е втор со девет бодови, Лајпциг има седум бодови, а Розенборг само еден.

Во Групата А Баер Леверкузен и Цирих и пред последното коло имаа обезбедн пласман, а во последните 90 минути решаваа кој ќе биде прв на табелата. Баер го оствари тоа со убедливата победа од 5:1 на гостувањето кај АЕК Ларнака, а Цирих испушти водство на гостувањето кај Лудогорец и мечот го заврши со резултат 1:1.

Во Гупата Ц, првото место го обебеди порано Зенит, а за минување се бореа прашка Славија, Копенхаген и Бордо, со тоа што Чесите мораа да го победат дома тимот од Санкт Петербург, а го остварија тоа со головите на Змрхал во 32 и Стох во 41 минута. Во вториот дуел Бордо на гостувањето со голот на Биран во 74 минута го победи Копенхаген, но тоа не му беше доволно.