Светската пливачка федерација (ФИНА) го суспендираше двократниот олимписки првак во пливање Евгениј Рилов поради поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
Суспензијата е во траење од девет месеци, а како причина е наведено присуството на Рилов на митингот на 8 март во Москва, по повод годишнината од руската анексија на Крим. Меѓу говорниците на стадионот „Лужники“ беше и Путин, а ФИНА го протолкува присуството на Рилов како јасна поддршка за рускиот претседател.
Рилов на Олимписките игри минатото лето во Токио ги освои златните медали на 100 и 200 метри грбно, како и сребро во штафетната трка 4×200 слободен стил.
(МИА)